Официјално поднесена e НОМИНАЦИЈАТА за прогласување на албанската страна на регионот на Охридското езеро за светско наследство под УНЕСКО.
-„И конечно. Уште еден процес за кој никој не веруваше дека ќе успее. Го почнавме како стратегија и визија уште 2010 год и како проект од 2014 се реализира. Одличен момент за иднината на Охридскиот регион, напиша на својот фејсбук профил Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.