Најмногу заболени од рак во Пелагонискиот регион

Во Р. Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт.

Во податоците кој  ги презентираше Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден за борба против ракот 4-ти февруари кој оваа година е под мотото „Ние можеме. Јас можам“, е наведено дека после скопскиот регион кој е со најголем морбидитет следен е пелагонискиот со 126.2 жители на 100.000 население кои се лекувани во болнички здравствени установи од малигни неоплазми.

Во 2010 година од рак умреле 3705, а во 2016 година 3882 лицe, додека стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 187,3%000 во 2016 година.

Според пол, во 2010 година бројот на умрени мажи од малигни неоплазми е 2218 со стапка од 215,4 на 100000 мажи, а бројот на умрени жени 1487 со стапка од 145,1 на 100000 жени. Овој број во 2016 година кај машката популација е 2292 со стапка од 220,8 %ооо, а кај женската популација овој број изнесува 1590 со стапка од 153,7%ооо.

Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2016 година е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 67,7 на 100000 мажи во 2016 година.

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2016 година е малигната неоплазм на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 32,7 во 2016 година на 100000 жени.

Многу е важно да се истакне дека сѐ почесто има случаи на заболени од 25 до 34 години, а зголемен е бројот и на заболени од 15 до 24 години. На прво место е Пелагонискиот регион, а со пониска стапка е Полошкиот регион. На ова влијаат неколку фактори- старост на населението, аерозагадувањето, животниот стил и слично. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани