Среќниот фаќач на крстот на годинашното чествување на празникот „Богојавление“ Иван Лотески , изрази желба , наградата- телевизор што го обезбеди традиционалниот спонзор, компанијата „ Зегин“, да биде доделен како хуманитарна помош.
Телевизорот, денеска како хуманитарна помош, на Роберт Николовски, чија куќа неодамна беше опожарена, му го врачи Марина Бебекоска-Донева, регионална директорка на „ Зегин“.

