И хотелиерите дел од расправата за измени во законот за туристичка дејност

После средбата со туристичките водичи, агенции и станоиздавачаите денес и хотелиерите ќе бидат запознаени со предлог измените во законот за туристичка дејност.

 По донесените заклучоци од страна на работната група за предлог измените на законот за угостителска и туристичка дејност, секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира јавна расправа по следниот ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог измена и дополна на Законот за туристичка дејност

2. Предлог измена и дополна на Законот за угостителска дејност

3. Предлог измена и дополна на Законот за такса за привремен престој

4. Предлог мерки и активности за проблемите со кои се соочува туристичкото стопанство и подобрување на условите за патување на луѓето.

5. Разно

Јавната расправа на која ќе земат учество хотелиерите ќе се одржи денес  во просториите на општина Охрид во мала сала со почеток во 12 часот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани