Насилник од Охрид, синоќа физички нападнал приправник за полицаец.
28 годишниот Ј.А. од Охрид синоќа физички нападнал приправник за полицаец кој заедно со друг полицаец преземале мерки во патниот сообраќај.Настанот се случил синоќа во 20,20 часот во Охрид на раскрсницата од улица „Кеј Македонија“ со улица „Јане Сандански“.
-Тука, униформирани полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Охрид, при вршење на работи на безбедноста на патниот сообраќај, извршена е контрола на патничко моторно возило „Опел тигра“ со охридски регистарски ознаки управувано од Ј.А.(28) од Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Додава дека возачот на автомобилот почнал да вика на висок тон и да биде агресивен, при што во еден момент Ј.А. физички нападнал приправник за полицаец.
Напаѓачот бил лишено од слобода, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
