Да не му ја пронајдат дрогата, стружанец пред полицајците проголтал две опаковки со хероин.
Стружанец кој со мотор се возел низ Охрид, бил запрен од полицајците и веднаш, на запрепастување нивно, извадил и проголтал две опаковки со хероин.Полицајците кај него пронашле игли, шприцеви. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични психотропни супстанци и прекурсори“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(35) од Струга.
-Откако полициски службеници го запреле пријавениот при управување моторцикл во близина на кружен тек кај улицата „Јане Сандански“ во Охрид, тој веднаш во уста ставил и проголтал две паковки со кафеава непозната прашкаста материја. При извршен преглед, кај него пронајдени и одземени се 10 ампули со непозната содржина како и неколку шприцеви и игли. По извршено вештачење, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин и ампули диазепам, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
