СВР Охрид: Изгоре 70 годишна жена

На 12.02.2018 година околу 07.15 часот во стан на ул. „Туристичка“ во Охрид, сопственост на М.Д. (70), од засега непознати причини, избувнал пожар.

Во пожарот починала М.Д која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани