Прегратки и насмевки, учениците го обожаваат градоначалникот

Градоначалникот вчера го посети училиштето  ОУ „Григор Прличев“ –Охрид.

-„Посетата беше изненадување за учениците од V2 одделение и нивната учителка Фанче Наумоска.Учениците ја одиграа точката со која настапија на прославата на Патрониот празник на училиштето „Македонско девојче“ со посвета токму кон градоначалникот. За возврат учениците беа почестени со неговото присуство и добија подароци.
Ваквите посети поттикнуваат ентузијазам кај учениците, голема радост и задоволство и се разбира среќа која блескаше во нивните очи. Голема чест не само за оваа паралелка, туку и за целото училиште беше посетата, се надеваме дека истите ќе бидат што почести“, информираат од училиштето Григор Прличев. 

Од фотграфиите се гледаат многу прегратки и насмевки. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани