Потпретседател на црковен одбор затаил и присвоил многу пари

Несекојдневен случај на затајување и присвојување пари.

Потпретседател на црковниот одбор од црквата „Св.Ѓорѓија“ од селото Врбјани затаил 1.133.512 денари и одбил да ги предаде на Црковниот одбор поради што од полицијата добил кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(66) од Охрид.
-Тој, казненото дело го сторил во периодот од мај 2015 година до јуни 2017 година во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани. Пријавениот, парите кои му биле доверени од донации на верници, од сеча на шумски дрвја и по други основи што требало наменски да ги троши за потребите на црквата, противправно ги присвоил и ги ставал на три сопствени жиро сметки, една денарска и две девизни, информира м-р Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
На 21 јули минатата година, кога му престанале обврските како потпретседател, сега пријавениот Г.П. парите кои преостанале како салдо на сметките за кои немал покритие во износ од 1.133.512 денари одбил да ги предаде на Црковниот одбор односно ги затаил за себе.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани