Стапија на сила одлуките на Владата за преименување на автопатот Е-75 и аеродромот во „Скопје“.
Практично тоа значи дека деветнаесет сообраќајни табли со сегашното име „Александар Македонски“ ќе бидат заменети со табли со новото име на автопатот „Пријателство“.По објавувањето на одлуките во „Службен весник“ аеродромот го носи името Меѓународен аеродром Скопје или на англиски International airport Skopje. Одлуката за преименување на автопатот и на аеродромот беше донесена на седница на Владата минатата недела.
Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, е во знак на добра волја и зацврстување на односите со Грција во време кога се интензивираат преговорите за името.Автопатот од 2008 година досега го носеше името „Александар Македонски“ а од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада, скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“.
