Селата во Долни Дримкол пет дена во мрак

Селата во Долни  Дримко веќе пет дена без електрично напојување. Реагираат и бараат ЕВН да стави крај на нивните проблеми. После снежното невреме останаа без струја.

 

-„Пет денови седиме без струја. Ова навистина не се издрѓува. Сркоја зима и при најмал снег доаѓа до дефекти на старата инсталација од ЕВН а поправката е спора трае со денови. Апелираме до надлежнито итно да го средат проблемот. Во 21 век не се живее во темница, без основните потреби“, велат револтирани жители на селото Луково во изјава за Охриднет.

Во мрак се селата  Јабланица, Безово, Дренок, Лакаица, Луково, Модрич, Нерези и  Пискупштина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани