АМСМ денеска од 16 часот воведе забрана за движење на тешки товарни возила на преминот „Стража“.
Поради интензивни врнежи од снег на планинските премини Маврово и Стража, воведена е забрана за тешки товарни возила.Авто-мото сојузот на Македонија поради интензивни врнежи од снег, воведе забрана за тешки товарни возила на планинските премини Маврово и Стража. Забраната е воведена по 16 часот.Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци имаше и вчера поради снегот. Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава. Повеќе врнежи ќе има до четврток претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.
