Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата завршува денеска.
Како што потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија, денеска завршува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата .Обврската произлегува од член 404 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој предвидува дека моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
