Благоец годинава на Велика сабота

Големиот празник Благовештение годинава се паѓа на Велика Сабота.

Благовештение е денот кога Пресвета Богородица ја слушнала Благата вест од Арханѓелот Гаврил.

-„Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ И с ѐ друго, како што пишува во Евангелието на Божествениот Лука. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар.

На празникот популарно познат како Благоец најчесто се слави како именден или слава а  постот дава риба. Но оваа година ќе биде дозволено само масло. 

-„На свештенички состанок со нашиот митрополит Тимотеј, во врска со славењето на Благовештение-Благоец, годинава на Велика сабота, се донесе заклучок на Благоец, ДА СЕ ЈАДИ САМО МАСЛО. РИБА НЕ.Дозволени се мекотели: полжави, лигњи и останати морски плодови“, информира отец Сашо Ристески од Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани