Противпожарно возило доби ТППЕ Струга

Територијалната противпожарна единица од Струга доби донација-противпожарни возило.

Донацијата е всушност камион за противпожарната единица со комплет опрема. Камионот е финансиран од средства на општина Струга, додека комплетната опрема е донација од невладината организација „Скафур“ од Швајцарија, со која општина има потпишано меморандум за соработка.Oваа опрема ќе придонесе кон поголема ефективност на работењето на противпожарната единица и подобрување на нејзината ефикасност на терен.Општина Струга ги јакне капацитетите на противпожарната едница се со цел поголема безбедност на граѓаните и подобра служба кон истите – информираат од општината.

 

Извор: општина Струга

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани