Гранати и РПГ пронајдени во Велешта

Гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“, се пронајдени во Велешта.

Според полицијата, вчера околу 15.00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, од Единицата за недозволена трговија со дрога, од  Оддел за антитероризам и од Крим техника на место викано „Кабовска маала“  во с.Велешта, струшко, извршиле претрес во стара  куќа сопственост на В.К. (76) од с.Велешта. При претресот, во куќата биле пронајдени 10 гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани