На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ќе се одбележи пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид.
Првиот лет ќе се реализира со авиокомпанијата Онур Ер, во организација на тур-операторот tatilbudur.com
Настанот ќе се одржи в недела, 15 април, со почеток во 13.15 часот на платформата на Охридскиот аеродром.
Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, г-дин Горан Сугарески, г-дин Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и претставници на Онур Ер и на Татилбудур.
