Од 2004 до 2012 година Охридското езеро го пустошеа рибокрадци. Пред доаѓањето на концесионерот „Патсрмка“ 2012 владееше вистински хаос. Нереалната риболовна основа беше дополнителен проблем.
-„Потребна е нова стратегија за Охридското езеро, нова реална риболовна основа, потребен е нов закон за рибраство со цел да може да се направи една долгорочна стратегија не од шест години, туку од повеќе децении со цел заштита на охридската пастрмка, вели Ристе Танасоски од Патсрмка 2012.
Концесионерот уште пред две години предложи мораториум за изловување на патрмката во траење од 10 години, бидејќи како што велат пастрмка нема во Охридското езеро. Белвицата не е загрозена ја има во Охридското езеро.

-„Охридската пастрмка ја нема, затоа и побаравме мораториум.Кога ние дојдовме во 2012 ние неможевме ни килограм пастрмка да зиловиме на ден. Кога ја видовме состојбата ни рекоја почекајте почекавме четири години и состојбата не се подбри затоа побаравме забрана за изловување. Во однос на охридската белвица јас сум зачуден кога слушам дека некој вели била загорзена. Не е точно белвицата ја има дури напротив количината е застапена“, вели Танасоски.
Најтрагично е што нашите пријави прекршочни се влечат по судските лавиринти.
-„Се надеваме на една поголема ажурност од страна на судството и се надеваме дека нашите пријави ќе завршат со една правна разврска како што треба. Досега имаме поднесено 120 прекршочни пријави и 40 кривични пријави кои за жал или завршуваат со условни казни или воопшто не се процесуираат“, вели Танасоски.
Охридското езеро без концесионер повторно би било хаос и башибузук од рибокрадство.
