Утре во Охрид ќе се одржи состанок на шефовите на полициите од Југоисточна Европа.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утре 19.04.2018 (четврток) во хотелот Инекс Горица во Охрид ќе присуствува на Генералното собрание на Асоцијацијата на Шефови на полициски служби на Југоисточна Европа (SEPCA). Генералното собрание ќе започне во 10.00 часот.
