Отекс Охрид со долг од околу 824 милиони по основ на ДДВ повторно е предводник на најновата листа должници на УЈП.
Управата за јавни приходи вчера ја објави Листа на должници бр.04/2018 за долгови доспеани до 30.12.2017 и неплатени до 31.03.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листата се запишани вкупно 3989 должници правни и физички лица.
Целата листа тука
