Стартува 32-от Охридски пливачки маратон

Денеска напладне стартува 32-от Охридски пливачки маратон.

На патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, денеска напладне стартува 32-от Охридскиот пливачки маратон.На 25 километарската патека, ќе пливаат вкупно 30 пливачи од 13 држави, од кои 20 во машка и 10 во женска конкуренција. Меѓу врвните пливачки асови се и ланскиот победник, Германецот Александар Стужински, потоа Аргентинецот Дамјан Блум, Италијанецот Едуардо Стокино и многу други истакнати пливачки маратонци. Од Македонија ќе настапат Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, додека во женска конкуренција ќе немаме наша претставничка.
Годинешниот маратон има организациски измени. Наместо како досега на 30 километри, маратонците ќе пливаат 25 километри а почетокот и целта остануваат исти. Претседателот на Пливачката федерација на Република Македонија Александар Маленко истакна дека и во промената се следени правилата и официјалните дисциплини на ФИНА.
– Љубителите на пливањето не само што ќе имаат можност да ги гледаат од брегот маратонците туку ќе можат, што се вели, и да ги допрат натпреварувачите, ако се најдат со душек во езерото, бидејќи тие ќе пливаат крај самиот брег. Патеката е скратена кај Љубаништа, дел од Градиште до хотелот „Гранит“, а во финишот преку „Куба Либре“ директно ќе се влегува во целта – појаснува Маленко, сепак резигнирано нагласувајќи дека годинава државата дигнала раце од оваа манифестација, а нејзиното одржување е благодарение на неколкуте спонзори.
Наградниот фонд е 15.000 долари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани