Триумф на италијанските пливачи на Охридскиот маратон

Италијанците Франческо Џетини во машка и Барбара Поцопон во женска конкуренција, се победници на Охридскиот пливачки маратон.

32. издание на Охридскиот пливачки маратон, што денеска се пливаше во водите на Охридското езеро заврши со убедлив триумф на италијанските пливачи. Оваа година маратонот се пливаше на делница од 25 километри, која апсолутниот победник Франческо Џетини ја мина за 5.13.59.62 часа.Во неизвесниот финиш, втор, целта во машка конкуренција ја мина Едуардо Сточино (Италија) со време 5.14.10.72 часа, трет беше Андреа Бјанки (Италија) 5.14.11.69 часа. Во групата која речиси едновремено стигна на целта беше и нашиот Евгениј Поп Ацев, кој за жал овој пат не заврши на подиумот.Второто место во женска конкуренција го освои Ана Олас од Унгарија, а трета беше Аличе Франко од Италија.Маратонците, на финишот ги пречекаа претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и првиот човек на Пливачката федерација на Македонија Александар Маленко, кои им честитаа на успехот.Наградниот фонд на Охридскиот пливачки маратон, кој оваа година самостојно го организира Пливачката федерација на Македонија со поддршка на ФИНА, изнесува 15.000 американски долари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани