Загајевски: Поезијата е несовршен труд

Секој кој пишува поезија знае дека тоа е несовршен труд, вели лауреатот Адам Загајевски.

Дозволете да ја прифатам оваа прекрасна награда и да не заборавам на сопствената несовршеност, да не заборавам дека моето патување сè уште не завршило, истакна добитникот на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски.Заблагодарувајќи се за највисокото признание на СВП, во неговото претставување синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид полскиот поет истакна: -Свесен сум дека моето присуство тука не се должи само на мојот сопствен труд, не само на тие кратки моменти на просветление кои ја создаваат основата на секоја уметност, туку се должи и на моите прочуени претходници во областа на полската поезија. Сите тие не биле крунисани тука, но сигурен сум дека сите се присутни оваа вечер во Струга, Чеслав Милош, Вислава Шимборска, Збигњев Херберт, Александар Ват, Мирон Бјалошевски, како и Тадеуш Ружевич кој бил тука пред триесетина години“.
За ликот и делото на Загајевски говореше професорката Лидија Танушевска.„Добро е што полската поезија го има Адам Загајевски. Неговиот бел стих, длабок и рафиниран, насочен кон читателот, допира до многу луѓе во светот. Тој е амбасадор на полската поезија и тоа онаа, како што велат „Полјаците“ од „највисоката полица“. Денес, Загајевски е пред се поет на убавиот, импресионистички и симболичен израз, преку кој сака да ги дофати различните аспекти на човековиот бит, истакна Танушевска.
Избор од поезијата на Загајевски Струшките вечери на поеизјата објавија во тријазично капитално изданије на 800 страници на македонски, англиски и полски јазик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани