Струшката полиција во лов на марихуана и дрвокрадци.
На 29.08.2018 година во 20,40 часот во Струга на улица „Петре Ѓончески Гиле“, од страна на полициски службеници при преглед над Р.Ш.(27), била пронајдена марихуана, по што бил извршен претрес во домот на истиот, каде исто така била пронајдена и одземена марихуана и дигитална вага. Р.Ш. бил приведен во Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против ШВ.(38) од село Поум, струшко за сторено кривично дело „кражба“ на дрва. На 10 август околу 20,30 часот, во село Ложани, од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Голф“, управувано од пријавениот, кое било натоварено со дрва без соодветна документација.
