Германската канцеларка доаѓа вопрва посета на Македонија.
Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада.
– Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Радишани.
Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт, како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, денеска најави дека Меркел в сабота ќе дојде во Скопје за, како што наведе, од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.
Меркел во Македонија доаѓа по најавените посети неделава на австрискиот канцелар Курц и на првиот човек на НАТО, Столтенберг.
