ОДБЕЛЕЖАНА 74 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ШЕСТАТА МАКЕДОНСКА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА ФОРМИРАНА НА 6 СЕПТЕМВРИ 1944 ГОДИНА ВО КАРАОРМАН-МАЛЕСИЈА…
Во организација на струшкиот општински одбор на Сојузот на борците од општините Струга,Охрид и Дебарца и подржувачите на традициите од НОВ,по повод денот на формирањето на Првата пролетерска македонска народноослободителна ударна бригада,ги посетија спомениците во Малесија и Караорман каде што положија свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во регионот на Рудина.
Делегациите беа потпомогнати со превозни средства од страна на локалната самоуправа на општина Струга.

– Борбениот и развојниот пат на Првата пролетрска македонска народноослободителна ударна бригада,која се формира по одвојувањењто на Македонско-косовската бригада,на Четвртата,односно на Седмата албанска бригада од НОВ и ПОМ,1944 година,на Охридско-струшката дополнителна бригада ,на Шестата македонска народноослободителната бригада формирана на шести септември 1944 година е нерскиливо врзан со антифашистичката борба на овие простории.Херојствата на борците во битките останаа запишани во историјата на нашата земја,посебно за струшкиот крај,- истакна претседателот на ОО на СБМ за Струга,г-н Ајро Мемети во своето обраќање пред присутните,кои положија цвеќе на спомениците лоцирани во Струшка Малесија и Караорман.
– И овој пат,како и во војната,на најубав начин се докажа сожителството на македонскиот народ со сите националности што живееат во Струга и Струшко,при евоцирањето на спомени од присутните.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
