Парите ги украла од свекорот и без грам совест, ги оставила трите деца.
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,запуштање и малтретирање на дете” и „кражба“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. (29) од струшкото село Шум.
-Пријавената, на 30-ти минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца. Ден предтоа, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, таа извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
