Охриѓанец истепал газда на бурекџилница.
Вчера во 13 часот и 15 минути, во бурекџилница лоцирана на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, во кој Н.Т.(33) од Охрид, физички го нападнал сопственикот на објектот а потоа избегал. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицето по што ќе поднесе соодветна пријава.
