Со лизгање донации за Сандра Ническа

Денес со лизгање на градското лизгалиште ќе се собира  помош за Сандра Ническа.

ЈП Билјанини Извори ја известува јавноста дека утре 09. 02. (недела) со поддршка на претпријатието а по иницијатива на тренерите и децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид на лизгалиштето на мраз поставено на Кеј Македонија со кое ние стопанисуваме ќе се одржи хуманитарен настан за помош во лекувањето на нашата сограѓанка деветгодишната Сандра Ническа.

Имено во периодот од 12-17 часот сите средства собрани од изнајмувањето на лизгалките и користењето на лизгалиштето како и средствата собрани во собирни каси на Црвен крст Охрид ќе бидат наменети за помош на нашата Сандра.

Ги повикуваме сите граѓани во што поголем број да го искористат најавеното за утре сончево време и да дојдат да уживаат во лизгањето и дружењето со нас и воедно да се хумани за нашата Сандра.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани