Планинаската служба интервенираше на заглавен автомобил на Галичица

Планинската Спасителна Служба синоќа  интервенираше на  заглавен автомобил на превојот “Баба”, на планината Галичица.

-Изведувајќи редовни тренажни активности и анализа на состојбата и условите на планината, вечерва екипа на ПСС при Црвен крст Охрид, наиде на заглавен автомобил со двајца патници на превојот “Баба” и со помош на службено теренско возило асистираше во извлекување на истото од снежните наноси, од кои целосно е блокиран превојот на патниот правец Р-2332, преку планината Галичица, нформираат од службата. 

ПСС апелира до љубителите на планината и зимските авантури, да бидат крајно внимателни на овој патен правец, кој во моментов на места има големи снежни наноси, замрзната подлога и одрони, кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.

-Потсетуваме и дека истиот патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период, при што сообраќајот е дозволен само во должина од 9 км, од Трпејца до излетничко место “Корита”, додека останатиот дел е затворен за сообраќај, апелираат од слуѓбата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани