Полната кеса е одземена, дали ќе се фатат пренесувачите.
По претходно добиени оперативни сознанија дека лице од Р.Албанија во атарот на селото Фериште, струшко, во шумата има сокриено марихуана, во периодот од 20.00 часот на 04.03.2020 до 01.00 часот на 05.03.2020 полициски службеници извршиле преглед на теренот и на наведеното место во дупка покриена со гранки била пронајдена кеса со околу еден килограм марихуана.
–Извршен е увид на местото, за настанот запознаен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
