Фармацевт од Подгорци почина од корона

57 годишниот Перо Мојсоски од струшко Подгорци е првиот здравствен работник кој ја изгуби битката со корона вирусот.

Се заразил на работното место, во локалната аптека. Од 6 април поради контакт со заболено лице бил во домашна самоизолација. По десетина денови , откако му се појавиле првите симптоми , бил хоспитализиран на Инфективното одделение во Охрид. Поради влошување на здравствената состојба на 23 мај бил префрлен на скопска клиника. 0025 „На 26 ти априлму се влошува состојбата с пожали на кашлица и висока температура, заради тоа беше тестиран, а тестот покажа дка е позитивен на Ковид 19. Веднаш беше хоспитализиран на Инфективното одделение во Охрид а потоа поради влошување на состојбата префрлен на Инфективната клиника во Скопје“, вели Јованка Коровешоска епидемиолог при ЦЈЗ Охрид. Мојсоски бил аптекар во село Подгорци, но бил познат билкар и автор на неколку книги од областа на лековитите растенија. „Голема е тагата, Фармацевтската комора на Македонија загуби почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здрвствен работник “, пишуваат од Фармацевтската комора на Макеоднија упатувајки сочуство до семејството. До денес 11 лица од селото Лабуништа ја загубија битката со корона вирусот, двајца од село Подгорци, и по едно лице од Татеши , Велешта и градот Струга. Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани