Знам и верувам дека сите заедно ќе го направиме тој победнички чекор на 15 јули, а потоа да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија од руината што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ќе ни ја остават, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ синоќа во своето обраќање пред стружани.
Презентирајќи ги проектите од програмата „Обнова“ Мицковски вети подобар живот на граѓаните, раст на економијата, поквалитетно образование, судство, култура, спорт, земјоделие и здравство.
Македoнија е бесконечност и додека постои ВМРО Дпмне ќе постои и Македонија и тоа не може никој да го избрише, потенцираше Мицковски.
.jpg)
– „За Гоце нема преговори, Гоце е наш, Македонецсот Гоце е бесконечност и без Гоце ја нема Македонија. Нема преговори, какви иториски комисии, какви бакрачи, А тој што не почитува знае дека јазикот е наш македонски и за него ни милиметар нема комрпомис, затоа што тој го изучуваат во 160 универзитети во светот и тој сосед што не почитува ќе ги почитува и овие вредности. Пламенот за Македонија мора да гори“, рече Мицковски.
Изминативе години сведочиме дека се` она што ни ја чини историјата и државата безумно и срамно се негира и распродава, рече носителот на листата во Петтата изборна единица Игор Дурловски.
.jpg)
–„Ние не сме на продажба, Струга , Македонија не се и не смеат да бидат предмет на пазар. Струга треба да се гордее и да продолжи да го чува и негува овој дел од нашата историја. Ние мора да се вратиме кон вистинските вредности нашата сила и верба во победата и обновата на Македонија. Ние мора да го подигнеме духот на Македонецот и повторно да се гордееме со нашата историја“, рече Дурловски.
Мицковски го обвини Заев за лаги и криминал, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, но после 15 јули првата порта на која ќе затропа правдата ќе биде токму кај Зеви , рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Новинар Соња Рилковска
