Кривична за стружанец го претепал обезбедувањето.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Т.(45) од Струга. Тој, на 19.08.2020 година околу 13,30 часот, пред објект лоциран на улицата „15 корпус“ во Охрид, физички го нападнал И.Џ.(39) од охридското село Лескоец, кој извршувал работи на обезбедување на објектот.
