Почитувани роднини, пријатели и драги сограѓани, погребот на Томислав Томчо Балабан ќе се изврши на ден 22, 02, 2021 понеделник во 12.30 часот на градските гробишта во Охрид.
Голема благодарност до сите кои во овие тешки моменти за нас ни изразија сочувство и ни ја дадоја нивната поддршка за полесно пребродување на болката која ја имаме во нас. Голем број од Вас ќе сакаат да му оддадат последна почит па затоа Ви се обраќаме јавно дека погребот ќе се изврши согласно протоколите во кругот на семејството. Семејството и организаторот на погребот – операторот Мирен Сон Ве замолуваат Вашето сочувство да го изразувате по телефон или на социјалните мрежи. Ви благодариме за разбирањето и за изразеното сочувство, информираат од Мирен Сон.
