Објавена листата независни кандидати „Охрид пред се“

Демократијата мора да биде нешто повеќе од одлука на два волци и една овца што да вечераат,истакна Леона Кичеец на денешната промоција на советничката листа „Охрид пред се“. 

„Охрид пред се“ е нов субјект на македонската политичка сцена кој за првпат, со своја Независна листа за членови во Советот на Општина Охрид, ќе настапи на престојните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021-ва година.
Дали се правени опструкции или не? Дали, иако спротивно на препораките на ОБСЕ / ОДИХР, „насилнички“, два месеца пред избори, постоеа обиди да се менува Изборниот законик? Сакале или не партиските моќници, „Охрид пред се“ е предвесник на неминовната демократизација на заробеното македонско општество, кое со години е заложник на партикратијата, клиентелизмот и клептократијата.
Во изминативе неколку месеци, заедно со голем број граѓани на кои Охрид им е во срцето и пред личните и теснопартиските интереси, ги дефиниравме нашите основни програмски определби, а тоа се:
• Општиот интерес секогаш пред личниот и партискиот;
• Квалитетно управување со човечкиот потенцијал;
• Рационално и транспарентно управување со општинскиот буџет;
• Поголема посветеност и стручност при аплицирањето за финансирање од европските фондови;
• Поефикасна соработка со бизнис – заедницата;
• Подобра инфраструктура;
• Поквалитетно и деполитизирано образование;
• Зголемување на капцитетеите за згрижување на деца од предучилишна возраст;
• Култура во текот на целата година;
• Развој на училишниот и младинскиот спорт;
• Поефикасна соработка со невладиниот сектор;
• Поголема грижа за ранливите категории;
• Поголема грижа за старите и изнемоштени лица;
• Заштита на животната средина;
• ЗА СУДБИНАТА НА ОХРИД ДА РЕШАВААТ ОХРИЃАНИ, А НЕ ПАРТИСКИТЕ МОЌНИЦИ ВО СКОПЈЕ!
Почитувани,
„Охрид пред се“ денес ќе ја поднесе својата Независна листа за кандидати за советници во Советот на Општина Охрид.
Носитетел на Листата е Димитар Велјаноски, следуваат:
2.Леона Кичеец
3. Мите Костески
4. Рита Неранџоска
5. Ерол Мавмудоски
6. Филип Ристески
7. Христијан Јолески
8. Наталија Орачева
9. Милена Стојановска
10. Христина Серафилоска
11. Александар Бакрачески
12. Вренези Артин
13. Бојана Крстаноска
14. Ивана Трајановска
15. Александра Јованоска
16. Климент Марковски
17. Емилија Кочовска Ѓонеска
18. Тијана Зулфи
19. Марта Стоеска
20. Петар Пројкоски
21. Петар Мирчески
22. Христијан Ничоски
23. Игор Трајановски

Младоста, чесноста, стручноста, одговорноста и љубовта кон Охрид се нашата препознатливост.
Нашето основно мото е „Охрид пред се“!

Почитувани граѓани,
Сите Вие на кои Охрид Ви е во срцето и Охрид Ви е пред се, Ве покануваме, секој ден од 8 до 20 часот, во канцеларијата на Државната изборна комисија, на приземје во стариот дел од зградата на Општина Охрид, да го дадете Вашиот потпис за Независната листа за советници на „Охрид пред се“, повика Кичеец.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани