Со видеозапис во кој има фрагменти од културните и природните богатства на земјава и со учество на „Чалгија саунд систем“, земјава го честиташе 75. Роденден на УНЕСКО.
Со оваа порака, земјава се вклучува во виртуелната прослава на јубилејот на оваа организација на Обединетите нации.
Државата е членка на УНЕСКО од 1993 година.
„За нас УНЕСКО за нас значи признание на културните и природните и нематеријалните добра кои ги имаме во изобилство како и нивна промоција во светот“,се вели во честитката.
