Во пријателска атмосфера, по краток состанок, денес се изврши промопредавање на должноста градоначалник помеѓу досегашниот Константин Георгиески и новоизбраниот Кирил Пецаков, кој официјално ја презеде градоначалничката функција во Охрид.
Пецаков на функцијата градоначалник доаѓа на местото на Константин Георгиески кој изминатите две и пол години управуваше со градот и кој му беше главен противкандидат на одржаните Локални избори.

– Од првиот ден ќе работиме посветено на решавање на сите проблеми и потребите да граѓаните. Приоритет ќе биде решавањето на сите горливи прашања за кои говоревме во кампањата и за сите потреби што ќе ги посочат граѓаните односно месните заедници, рече Пацаков.
Тој најави ново темпо на работа на општинските служби и јавните претпријатија.

По однос позначајните прашања, пред се статусот на градот во УНЕСКО, тој рече дека ќе работи во насока на исполнување на препораките.
– Оставивме во текот на кампањата јасна слика како ќе работиме, вклучувајќи ги и препораките на УНЕСКО. Сето што е во наша надлежност ќе биде спроведено, рече тој, најавувајќи дека во првата година ќе се реализираат инфраструктурни проекти за кои веќе постапките се во тек.
Константин Георгиески, кој беше градоначалник 2,5 години му честита и му посака успешна работа.
-Уште еднаш му честитам на Кирил пецаков, му посакувам многу здравје и успешна работа. За сите тековни информации поврзани со бројни проекти кои се зпаочнати и на почеток од реализација му стојам на располагање, рече Георгиески.
