Во рамките на одбележувањето на „Недела на грижа на стари лица“.Во склоп на годишната програма на Црвен крст на РСМ,Општинската организација на Струга,под мотото „Сите сме нивни деца“организира работилница – средба со активистите на Црвен крст за дваесеттина пензионери членови на ЗП Струга,предводени од претседателот Милорад Трпоски,секретарот Изеир Мустафаи,потпретседателот Зија Аслани и Комисијата за здравство при Здружението.
Работилницата насловена Правата на старите лицаво РСМ.За оваа тема беа ангажирани:социјален работник од Центарот за социјални грижи-Струга,Весна Лазареска-Прентоска и д-р Васко Дулески.На работилницата се обрати секретарот на Црвен крст – Струга Адхуриме Даути,која ја раководеше истата,ги поздрави присутните пензионери,а воедно е најави и темата.Почитувајќи ги согласно препораките и мерките за за заштите и превенција од корона вирусот Ковид-19,беа испочитувани за време на одржувањето на работилницата.
Оваа тема побуди голем интерес,како и за здравствената заштита.Беа поставени низа прашања од страна на претседателот Трпоски и пензионерот Делче Илиески,за кои се добија соодветни –стручни одговори од докторот Дулески и социјалниот работник Лазареска.
Исто така беше истакнато дека волонтерите вршат бесплатна услуга за набавка и достава на храна,средства за хигиена,лекови и други потрбни продукти на постарите ,осамените и изнемоштените лица со цел да се даде придонес во намалување на ранливоста на постарите граѓани и подршка на населението во одговор на предизвиците на КОВИД-19
Целта за одбелужување на неделата е да се подигне јавната свест за потребите од зголемена интеграција на сите лица во сите сфери на општествениот живот,како и потреба за обезбедување на грижа и помош на стари лица.
Подршка во одбележување на неделата е обезбедена од страна УНФПА преку Црвен крст на Македонија.
На крајот од работилницата,секретарката на Општинскиот Црвен крст-Струга,ги информира пензионерите кои имаат потреба од ваква услуга можат да се обратат на телефон,кој е достаспен 24 часа.
автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
