Пешак го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа кај село Лескоец.
Сообраќајката се случи вечерва, кога автомобил од засега непознати причини удрил во пешакот. Полицијата врши увид на лице место.
Според првичните информации, повозрасно лице бил прегазено од моторно возило „Ауди“ со охридски регистарски таблички на коловозот кај село Лескоец, што се наоѓа на самиот излез од Охрид.
