Болницата „Св Еразмо Еразмо“ доби магнетна резонанца

Нов апарат за магнетна резонанца доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид.

Со овој апарат, донација од ЕУ,  ќе се подобри здравствената услуга на пациентите во целиот регион. Клучно е што болните за вакви здравствени услуги нема веќе да се препраќаат во други градови.

Нема достапен опис

-Ова значи  дека значајно се зголемува пристапот на пациентите до овие апарати. Пациентите од Охрид и од целиот овој регион повеќе нема д патуваат ниту во Скопје ниту во Битола за да ги прават овие снимки Освен што ке служи за дијагноза особено во вака една специјализирана установа како што е Свети Еразмо ќе може да бидат и дел од превентивни програми што значи за детекција на други болести и поврзани со Ковид но и некои кои не се поврзани со ковид, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во пандемијата дојде до израз потребата за рано дијагностицирање на болестите . Студијата  на ЕУ од 2018 година покажа дека во земјава има недостиг на апаратура за магнетна резонанца односно само осум вакви апарати на ниво на целата држава, или 25% помалку по глава на жител во однос на европските земји. Уште полоша е состојбата со компјутеркски томографи, во земјава има   40% помалку од просекот на европската унија.

Нема достапен опис

-На европската унија и претставува задоволство да помогне веќе постојат три вакви апарати за магнетна резонанца кои што денеска ние ги даваме на општина Охрид, Струмица и Прилеп. Оваа медицинска опрема  ќе успее да напрви разлика во начинот на помагање и превенција на самите болести.Граѓаните од цел овој регион ќе може да дојдат тука за дијагностицирање како и за третман наместо да одат до Скопје , истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

-Испораката на оваа медицинска опрема не само што го подобрува квалитетот за третман на пблестите на пациентите туку и самата брзина на дијагностицирање на болестите, рече Дирк Јан Коп амбасадор на Холандија.

ЕУ од стартот на пандемијата во земјава  донираше големи количини на заштитна опрема и над 800 000 дози вакцини против ковид 19.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани