Се решава водоснабдувањето, водата во Струга повторно забранета за пиење

Градоначалникот на Општина Струга,  Рамис Мерко денес излезе на терен да изврши увид на  продолжувањето на капиталниот проект за изградба на цевководот за снабдување со вода за пиење и подобар квалитет на истата, замена на азбестните цевководи и доделување соодветни количини вода за руралните населени места.

Овој капитален проект за градот и околината бара професионализам во реализацијата, со цевковод Ф600, со највисок квалитет за водоснабдување и притисок до 10 бари. Ќе се разгранува и дистрибуира, каде што ќе биде опфатен целиот град во двата правци, од делот на езерото и делот на автопатот, до реката Сатеска, информираат од општина Струга. 

Во меѓувреме од Јавното претрпријатие Водовод Струга информираат дека повторно е забранета водата за пиење. 

 

Ве известуваме дека од анализата на водата направена денеска (20.12.2021) поради дефект на главната цевка во водоводната мрежа, водата во општина Струга и околината е загадена и не треба да се користи за пиење.
Ги замолуваме сите граѓани да бидат внимателни, до следното известување, стои во соопштението од  „ЈП Водовод и Канализација-Струга“.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани