Во списанието „Сповременост“ текстови од струшки автори

Македонското списание за литература,култура и уметност „СОВРЕМЕНОСТ“ , деновиве излезе од печат новиот број 3/2021.

Во овој број објавени се 35 тематски прилози,22 прилози поезија,12 прилози интерпретации,е тематски број посветен на великанот на македонската книжевност и култура Блаже Конески ( 1921 -1993 ),во чест на 100 години од раѓањето на Блаже Конески ( 1921 – 2021 ) и 70 години „Современост“ ( 1951 – 2021 ).
Во новиот број на списанието има поместено четири текстови од четири истакнати поети од Струга,односно Вевчани,и тоа:
Димче Шипинкароски – Струга,со песната посветена на Блаже Конески,Голем ангелу од Небрегово.
Разме Кумбароски – Струга,интерпретација, Блаже Конески – или „Од вековно ропство,мој народе идеш“ ( 100 години или еден век од раѓањето на Блаже конески).
Мишо Китаноски – Вевчани Гимназиските години на Блаже Конески во Крагуевац,Србија и неговиот почеток во Македонската литература.
Верица Мукоска – Вевчани Стилистички осврт кон уметничкиот влог во поезијата на Конески.
Покрај главниот уредник на списанието Стефан Маркоски,како уредници се јавуват и Мишо Китаноски и Верица Мукоска,двајцата од Вевчани.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани