40 години од смртта на Ацо Шопов

Четириесет години од смртта на поетот се навршија токму (вчера),на 20 април 2022 година.

Ацо Шопов роден во Штип ( 20 декември 1923 г.20 април 1982 ) е автор на 12 поетски збирки од 1944 до 1980 година.Шопов е меѓу основачите на Друштвото на писатели на Македонија,членувал во МАНУ и во Македонскиот ПЕН центар и за своето творештво добил значајни книжевни награди.Од 1972 до 1976 година,Шопов бил амбасадор на Југославија во Сенегал.Сега кога се навршуваат 40 години од смртта на Шопов,не смее нечујно да помине во културниот медиумски простор,иако станува збор за еден од најголемите македонски поети и втемелувач на современата македонска поезија,преведувач и дипломат.
Ацо Шопов,заедно со своите колеги поети ги создадоа „Струшките вечери на поезијата“.Така што на една седница на Народниот одбор на Општина Струга во 1962 година формиран прв фестивалски одборф од седум членови,составен од претставници на Друштвото на пистаели на Македонија,културни и општествено – политички работници од Републиката и Струга,чиј претседател беше Ацо Шопов.Имале идеја светот да го донесат тука во Македонија да ја постават на светската културна мапа.Шопов,многу добро знаел дека мора да се претставиме надвор со нашиот јазик и култура.
Вредностите што ги создаде Ацо Шопов и денес се ненадминати.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани