Охрид доби електрични велосипеди за изнајмување. На неколку локации во центарот на градот, може да се рентаат најнови модели на електрични велосипеди за незаборавна прошетка низ Охрид и околината.

Се нудат два типа на велосипеди градски урбан е-бајк и планински е-бајк.

Е-велосипедите се во сопственост на компанијата E-power.
-„Нашата импресивна палета на напредни е-велосипеди е наменета за авантуристички поединци кои бараат возбуда од чиста, кинетичка моќ што го надополнува нивниот престој во Северна Македонија.Нудиме услуги за изнајмување е-велосипеди на одредени локации во Охрид, Северна Македонија, со флексибилни планови за изнајмување кои одговараат на вашиот престој. Дополнително, соработувавме со провајдери на турнеја за да понудиме возбудливи тури со електрични велосипеди низ Северна Македонија“, велат од компанијата.

Предности и придобивки од возењето електричен велосипед:
Возењето велосипед е одличен начин за подобрување на целокупното здравје и одржување на добра кондиција и физичка спремност на телото. Додека возите велосипед изложени сте на сончеви зраци, а со тоа придонесувате да ви се подобри расположението во денот и да ги надополните резервите на Д витамин во телото.

Со електричните велосипеди може да се достигне брзината на автомобилот и се разликува од традиционалниот велосипед со зголемениот степен на удобност, безбедност и, се разбира, брзина.
Предноста е во тоа што нема да стигнете до вашата дестинација испотени во жешките летни денови, бидејќи напорот што го вложувате во велосипедизмот ќе биде значително помал.

Електричните велосипеди се возбудливо и ефикасно средство за движење, обезбедуваат нова перспектива за вашето патување и ви помогаат да согорите калории.
Електричните велосипеди се одличен начин на транспорт, кој им помага на луѓето да добијат фантастичен тренинг додека патуваат побрзо отколку да одат пешки, а понекогаш дури и побрзо од возењето со автомобил.

Електричните велосипеди во Охрид ова лето ќе ја збогатат туристичката понуда на градот. Покрај во центарот на Охрид, ќе бидат поставени и на повеќе локации пред хотелските објекти вдолж брегот на Охридското езеро.
Повеќе детали за изнамувањето на е велосипед во Охрид на линкот.

