Пожар во подрум, четири лица побарале медицинска помош.
На 29.07.2023 година во 14.42 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во подрумски простории од зграда, лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, се случил пожар. Притоа, четири лица побарале и добиле медицинска помош и се надвор од животна опасност. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
