Дваесетгодишник од Охрид бил агресивен кон полицските службеници.
-„На 10.08.2023 година во 02.40 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид приведен е К.Н.(20) од Охрид, кој бил агресивен кон полициските службеници кои извршувале работи од областа на безбедноста. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во билтенот на СВР Охрид.
