Синоќа со пригодна свеченост во ОУ “Братство Единство” беше одбележан денот на Наставата на турски јазик.
Турската заедница е нераскинлив дел од нашата заедница, особено во Охрид. Само заедно соединети можеме да дадеме голем придонес за нашиот град и нашата држава.
Свечената пригода беше збогатена со културно – уметничка пригода изведена од учениците при ОУ “Братство Единство” и беа презентирани достигнувањата на учениците во различни области.





