Дигитализација на услугите на Општина Охрид и јавните прептијатија е наша цел кон која работиме и се стремиме, вели градонаќалникот Кирил Пецаков.
-Од денес сите граѓани имаат можност своите сметки кој охридските јавни претпријатија да ги плакаат од едно место преку платформата Е-Даноци ( edanoci. ohrid .gov.mk ). До сега на оваа платформа беше возможно да се плаќа само данокот на имот. Продолжуваме со работа во насока на целосна дигитализација на услугите, информира Пецаков.
