Охрид има капацитет за развој на спортски туризам

Над 400 деца од Охрид учат пливање во пливачките школи. Огромен е интересот  за користење на отворениот базен „Атина Бојаџи“ на спортско рекреативниот центар Билјанини извори.

Дополнително пливачки екипи од странство  доаѓаат на припреми во главниот туристички центар.

-„ Во моментов имаме две пливачки школи кои работат на пливачкиот базен, во нив членуваат повеќе од 400 деца. И може да кажам дека за нив користењето на пливачкиот базен е сувенционирано од локалната самоуправа и ЈП Билјанини извори со што им овозможуваме на пливачките школи за кроистење за децата да издвојуваат помалку средтсва да биде поевитино за нив“ , изјави Теодор Андоноски директор на ЈП Билјанини извори.

Охрид работи на пдообрување на условите за развој на спортскиот туризам. Во тек е реконструкција на уште еден фудбалски терен во населбата „Црногорци“,  кој ке биде со природна трева, подземно наводнување и сите стандарди.

„Општина Охрид работи во насока на подобрување на спортската инфраструктура за развој на спортски туризам. Охрид се наоѓа на идеална надморска височина,  која што ја користат спортските клубови,  меѓутоа ни требаат повеќе терени за да може да дојдат повеќе клубови, бидејќи тие клубови што ќе дојдат ќе треба да играат меѓу себе. Ако нема со кого да играат немаат услови за припреми. Општина Охрид работи во таа насока и во иднина ќе работиме да обезбедиме што повеќе терени“, додава Андоноски.

Се подобрува инфраструктурата на спортско рекреативниот центар Билјанини зовори. Од неодамна теренот за вештачка трева е осветлен за користење во вечерните часови во текот на летните месеци.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани